Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам, излезе со примамлива понуда за уграчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ. Клубот од Флорида е подготвен на Хрватот да му ја зголеми двојно сегашната плата која се движи од 10 до 14 милиони евра годишно.
Истото важи и за напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани, за кого е заинтересиран Интер Мајами.
Сепак, сезоната во американската МЛС лига почнува во март, а договорот на Уругваецот истекува во текот на летото.