Италијанскиот тим има многу проблеми со градот, кој е сопственик на „Џузепе Меаца“, па така се најавува изградба на нов стадион, во целосна сопственост на Интер.
Претседателот на Интер, Масимо Морати изјавил дека сериозно ја разгледува опцијата, Интер да изгради сопствен стадион.
Стадионот би се наоѓал на локацијата Сан Донати, плац кој моментално е во сопственост, на една нафтена компанија. Предвидено е во склоп на стадионот да има и трговски центар, ресторани, а капацитетот на стадионот би изнесувал 60 илјади седишта.
Сепак, пред да превземе било каков чекор, Морати најавил дека ќе се спроведат серија на анкети помеѓу фановите, за да се види какво е нивното мислење околу оваа идеја.