Во фудбалскиот Куп на Италија денеска и утре ќе бидат одиграни преостанатите два четвртфинални натпревари по кои ќе биде познат и вториот полуфинален пар.
Вечерва од 21 часот во Милано ќе се сретнат Интер и Болоња, а во истиот термин утревечер во Фиренца, е закажан почетокот на натпреварот Фиорентина – Рома.
Пласман во полуфиналето веќе обезбедија Лацио и Јувентус по елимпинациите на Катанија и Милан.
Првиот полуфинален натпревар Лацио и Јувентус ќе го одиграа на 22 јануари во Рим.