Индијана стигна до првата победа над Атланта

Од:

Кошаркарите на Индијана ја постигнаа првата победа во НБА плеј-офот откако ноќеска славеа триумф на домашен терен над Атланта со 101:85 и изедначија на 1-1 во победи.

Клучната разлика домашните кошаркари ја направија во третиот период кој го добија со 18 поени разлика (31:13).

Најдобри во победничкиот тим беа Пол Џорџ со 27 поени и Луис Скола со 20, додека кај Атланта Пол Милсап постигна 19 поени. Нашиот Перо Антиќ за 25 минути постигна 5 поени и имаше 3 скокови.

На другите натпревари одиграни ноќеска Вашингтон ја оствари и втората победа на гости над Чикаго со 101:99 по продолжение и поведе со 2-0 во победи, додека Торонто изедначи на 1-1 во победи со триумфот над Бруклин со 100:95.

Вечерва се играат три натпревари: Мајами – Шарлот (1-0 победи), Сан Антонио – Далас (1-0) и Хјустон – Портланд (0-1).

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа