Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, постигна два гола од пенал на вечерашниот натпревар против Верона во 36. коло од Серија А.
Ова беа 13-ти и 14-ти погодок од пенал за фудбалерот во досегашниот шампионат во Италија. Тој постави рекорд на првенството.
Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, во тековната сезона, како и екс-напаѓачот на Лацио, Џузепе Сигори во сезона 1995/96, постигнаа по 12 гола од пенал.
Натпреварот Верона – Лацио заврши 5:1 за гостите, а Имобиле покрај головите од пенал беше стрелец на уште еден погодок.