Имобиле поради повреда ја напушти локацијата на италијанската репрезентација

Од:

Фудбалерот на Лацио Чиро Имобиле ја напушти локацијата на италијанската репрезентација поради повреда, соопшти прес-службата на националниот тим.

Наместо 31-годишниот фудбалер, селекторот на Италијанците, Роберто Манчини го повика Џанлука Скамака од Сасуоло.

Репрезентацијата на Италија ќе ги одигра двата последни натпревара од групната фаза од квалификациите за Светското првенство, против Швајцарија (12 ноември) и Северна Ирска (15 ноември).

Италија води во Ц-групата со 14 бодови, исто толку има и Швајцарија, Бугарија е трета со 8, Северна Ирска има 5, Литванија е последна со 3 бода.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска