Имобиле не тренира поради покачена температура

Од:

Најдобриот стрелец во Италијанскиот фудбалски шампионат не тренира со Лацио заради зголемена телесна температура. Тој го пропушти вчерашниот тренинг и не се знае кога ќе се врати на обврските.

Тренерот Симоне Инзаги се надева дека играчот ќе му биде на располагање за средбата со Болоња в сабота.

Триесет годишниот Имобиле постигна 27 голови на 25 натпревари во Серија А и го предводи списокот на стрелци.

За потсетување, Италија има појава на коронавирус. Веќе се заразени околу 300 луѓе, а седуммина починаа. Голем број натпревари од 25. коло во Серија А беа одложени, а повеќето од натпреварите од 26. коло ќе се одржат без гледачи.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска