Имобиле: Инзаги совршено ги комбинира квалитетите на Клоп и Емери

Од:

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле, ги сподели своите впечатоци од работењето со тренерот Симоне Инзаги. Тој Инзаги го спореди со Унаи Емери и Јирген Клоп кои му беа тренери во Севиља и Борусија Дортмунд.

– Работата во Шпанија и Италија е прилично слична. Емери става голем акцент на тактиката. Начинот на кој тој се подготвува за натпревари ме потсетува малку на Конте. Клоп беше сосема поинаков. Целиот тренинг се одвиваше со топката, играчите беа во постојано движење и не застанаа ниту една секунда. Тој ми даде многу како тренер. Стилот на Инзаги, се разбира, е повеќе италијански, но во исто време ги комбинира квалитетите на другите двајца. Работиме многу со топката и правиме тактики колку што е потребно, без претерување, истакна Имобиле.

Лацио по 26 кола во Серија А е на второто место со 62 бода, само еден помалку од лидерот Јувентус.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска