Икарди ќе го тужи Интер

Од:

Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди планира да го тужи својот актуелен италијански клуб Интер за мобинг.

Како што пишува „Република“, Икарди подготвува тужба поради злоставување на работно место, поточо застрашување и изолација, со цел да го напушти клубот.

Со ова уште повеќе се заострува судирот меѓу раководството на миланскиот клуб и донеодамна нивниот 26 капитен. Но, италијанските медиуми наведуваат дека на челниците на клубот им е преку глава од Икарди и неговата сопруга и менаџерка Ванда Наре, како и дека новиот тренер Антонио Конре јасно порачал дека не смета на услугите на Икарди.

Интер го известил нивниот напаѓач дека може да побара нов клуб, се разбира со соодветно обештетување од 60-70 милиони евра. Според италијанските медиуми, Икарди и неговата сопруга излезот од ваквата ситуација го гледаат во тужба за мобинг, преку која би можеле да извлечат раскинување на договорот, со цел Аргентинецот да излезе од Сан Сиро како слободен играч.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска