Икарди: Атмосферата во аргентинската репрезентација сега е на високо ниво

Од:

Мауро Икарди против Мексико го постигна својот прв гол за националниот тим на Аргентина и најави подобри денови за него во репрезентацијата. Тој последниот период често беше изоставуван од страна на селекторите, а во медиумите тоа беше протолкувано како резултат на наводно лошите односи што ги има со Меси.

По Мундијалот во Русија, Меси не е меѓу „гаучосите“.

– Атмосферата во националниот тим сега е навистина добра. Сите се сложуваме, додека во минатите циклуси тоа не беше случај, изјави Икарди.

Ѕвездата на Интер демантира нетрпеливост со Меси на кого му посака враќање во репрезентацијата.

– Најдобар е на светот и со него во тимот ќе имаме големи шанси да ја освоиме Копа Америка.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска