Игуаин: Не го крадам местото на Роналдо

Од:

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин има интересна улога во Јувентус. 31-годишниот Аргентинец се натпреварува за две места со Пауло Дибала и Кристијано Роналдо. Од почетокот на сезоната, тројцата имаат скоро исто време на игра, и така Игуаин ги демантираше предвидувањата дека ќе остане на клупата.

– Среќен сум. Не толку многу што решив да останам во Јувентус, туку од ставот кон мене од соиграчите, тренерите и управата. Имав прекрасни години тука и сега се е добро, но сезоната е долга и морам да се докажам. Кога играте до такви фантастични играчи, треба да ја искористите секоја можност што ви се дава, рече Игуаин.

Аргентинецот не е загрижен за присуството на sвездите Роналдо и Дибала.

– Кристијано и Пауло се различни типови играчи. Секој сака да игра со врвни играчи како нив. Се обидувам да се прилагодувам на стилот на обајцата. Не го крадам местото на Роналдо, се борам за моето. Сите знаеме кој е тој. Победник. Јас се обидувам да му помогнам на тимот да победува. Секој од нас е важен – и оние на теренот и оние на клупата, рече Гонзало.

Тој признава дека под негово водство поминале неговите најдобри години во фудбалот.

– Јас сум задоволен од мојата работа со него и се обидувам да го направам она што го сака. Некои велат дека не играме убаво, со минимален напор, но резултатите покажуваат дека сме на вистинскиот пат, додаде Игуаин.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска