Игуаин: Интер е како Реал, победа над нив не води кон Скудетото

Од:

Првиот стрелец на Јувентус, Гонзало Игуаин го спореди Интер со Реал Мадрид, истакнувајќи дека „нероазурите“ се во одлична форма и дека поради тоа триумфот на дербито со нив би бил многу значаен чекор кон одбрана на Скудетото.

Фудбалерите на Интер врзаа седум победи во Серија А и се искачија на 4.место, па аргентинскиот фудбалер повикува на претпазливост.

– Буфон е во право кога го фали Интер. Во моментов, тимот од Милано, покрај Реал е во најдобра форма во Европа. Ако ги победиме ќе направиме голем чекор кон одбраната на титулата. Ќе биде многу, многу тешко и ние ќе треба да одиграме на високо ниво. Интер има голема традиција, многу трофеи и заслужува почит, рече Игуаин.

Натпреварите меѓу Интер и Јувентус имаат долга традиција, претстојниот дуел во недела во Торино ќе биде 231-ви. Досгеа Јувентус има 103 победи, Интер 71, додека 56 натпревари завршија без победник.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска