Трагичарот на Милан во синоќешниот пораз (0:2) од Јувентус, Гонзало Игуаин кој промаши пенал при 0:1 и доби црвен картон во финишот, денеска им се извини на навивачите и на сите во клубот.
Аргентинецот бурно реагираше на една судиска одлука па беше исклучен.
– Ми се чинеше дека одлуката не е фер. Сметам дека јас бев фаулиран, а не обратно. Казнет сум, а никого не навредив. Се извинувам, на клубот, навивачите, тренерите, соиграчите. Ме совладаа емоциите, изјави Игуаин.
Поради директниот црвен картон, Игуаин најверојатно ќе биде суспендиран и нема да смее да го игра следниот натпревар од Серија А, против Лацио во Рим.