Играч на Нант го обвини судијата дека се потсмевал на неговиот тим

Од:

Одбранбениот фудбалер на Нант, Диего Карлос, го обвини судијата дека го исмевал неговиот тим за време на натпреварот од Француското првенство со Сент-Етиен (0:3).

Според него, судијата Жером Бризар си дозволил неприфатлива изјава на крајот од натпреварот, кога играчите на Нант побарале повеќе дополнително време.

Судијата се насмеал и рекол:

– Дали ви треба повеќе време за да примите и четврти гол?

Карлос вели дека судијата не смеел да го каже тоа.

– Изненадувачки, судијата го рече тоа. Има записи од камери, можете да проверите што рекол, изјави фудбалерот на Нант.

Арбитерот одби да го коментира инцидентот, велејќи дека постојат надлежни органи кои ќе ја разјаснат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска