Иџе со шампионски амбиции тргнува кон Чешка

Од:

Агенцијата за млади и спорт преку прес конференција го најави настапот на нашиот најдобар автомобилист во ФИА, Игор Стефановски – Иџе, кој овој викенд ќе ја вози последната трка во Чешка, на патеката Мост, со која ќе се заокружи ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година.

Стефановски има реални шанси за победа и освојување на шампионатот.

На средбата беше присутен комплетниот тим со кој Игор Стефановски Иџе се натпреварува на шампионатот ЕТЦЦ 2017, како и претставници од Агенцијата за млади и спорт.

Директорот Каевски во својата изјава потенцираше дека е чест да се биде во присуство на човекот кој дал многу за автомобилизмот.

– Ми претставува чест што седам до човекот, кој направи многу за автомобилизмот и кој во моментов е четврто пласиран во ФИА ЕТЦЦ шампионатот и победник на последната трка во Белгија. Тој е пример и мотивација на младите луѓе како со посвета и упорност своите желби ги претвори во реалност. Горди сме и како нација зошто секоја победа за Иџе е победа и за Македонија. Агенцијата за млади и спорт секогаш ќе биде покрај Иџе и останува отворена за соработка, изјави Каевски.

Најдобриот македонски автомобилист истакна дека верува во својот тим и во освојување на титулата.

– Убеден сум во освојувањето на титулата и ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме се од себе. Патеката Мост е непозната за мене, но и досега докажував дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Сите мисли ми се фокусирани на мојот последен настап, и во Чешка одам на победа. Воедно сакам да се заблагодарам на АМС за поддршката што ми ја даваат на мене и на мојот тим која резултира со успех, потенцира Иџе.

Трката во Чешка е закажана за 8 октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска