Ибрахимовиќ со 39 години и 14 дена е најстариот стрелец на миланското дерби

Од:

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола по само 16 минути на натпреварот од 4. коло во Серија А со градскиот ривал Интер.

Швеѓанецот стана најстариот играч кој погодил во дербито на Милано. Денес тој има 39 години и 14 дена.

Претходниот рекорд го држеше Нилс Лидхолм исто така од Милан, кој постигна гол во 1961 година. Шведскиот играч за врска тогаш имаше 38 години 5 месеци и 18 дена.

Ибрахимовиќ го играше својот прв натпревар, откако прележа коронавирус.

Ибрахимовиќ постигна пет гола на три натпревари на почетокот на сезоната во Серија А.

Би можело да ве интересира

Пирло се чувствува релаксиран пред своето деби во Лигата на шампионите како тренер

Ана Ололовска

Јувентус сè уште му нема понудено нов договор на Дибала

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Да ја имав физичката подготовка од пред 10 години, никој немаше да ме спречи, иако тие не можат да го сторат тоа ниту сега

Ана Ололовска

Дибала во конфликт со директорот на Јувентус

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Никој не може да ме сопре

Ана Ололовска

Пиоли за Скудетото: Ако сакате да се борите за титулата, мора да го подигнете квалитетот на тимот

Ана Ололовска