Ибрахимовиќ прогласен за најдобар играч во Лига 1

Од:

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ е избран за најдобар играч во француското фудбалско првенство за сезоната 2012/13.

Членот на ПСЖ до вредната титула во Лига 1 дојде со прикажаните игри и придонесот од 29 голови во освојувањето на шампионскиот трофеј на својот тим, прв по пауза од 19 години.

Ибрахимовиќ во изборот за најдобар фудбалер зад себе ги остави клупскиот колега Тиаго Силва и Пиер-Емерик Обамејанг од Сент Етиен.

Во конкуренција на млади фудбалери победи Флориан Товин од Бастија.

Признанието за најдобар тренер го поделија Карло Анчелоти и Кристоф Галтие.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска