Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го отвори резултатот во натпреварот од 28. коло на италијанскиот шампионат со Фиорентина (3:2).
Така, според „ Lapadula News“, со 39 години и 169 дена, Швеѓанецот стана најстариот играч во историјата на Серија А кој постигнал 15 гола во шампионатот.
За потсетување Ибрахимовиќ немаше настап во Серија А од 28 февруари поради повреда.