Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ со гол од пенал во 60.минута славеше победа на синоќешното гостување во Сент Етиен против истоимената домашна екипа.
Со оваа победа францускиот првак остана во чекор со водечкиот тим кој има предност од четири бода во однос на ПСЖ.
Сент Етиен со поразот заостанува четири бода од местото кое обезбедува учество во Лигата на шампионите.
Постигнати резултати во 22.коло од француската Лига 1: Сент Етиен – ПСЖ 0:1, Рен – Каен 1:4, Ремс – Ленс 0:0, Олимпик Лион – Мец 2:0, Евиан – Тулуз 1:0, Монпеље – Нант 4:0, Генгамп – Лориен 3:2, Бастија – Бордо 0:0, Лил – Монако 0:1 и Ница – Олимпик Марсеј 2:1.
Табела: Олимпик Лион 48 бодови, Олимпик Марсеј 44, ПСЖ 44, Сент Етиен 40, Монако 39, Монпеље 35, Бордо 33,…