Златан Избрахимовиќ и Џанлуиџи Донарума сакаат да го носат дресот на Милан и следната сезона. Двајцата дури се подготвени да ги намалат платите за да останат во клубот, тврди „Газета Дело Спорт“. Вчера тие го посетиле нивниот агент Мино Рајола за да разговараат за нивната иднина со него.
Договорот на Ибрахимовиќ истекува на крајот на сезоната. 38-годишниот напаѓач најверојатно ќе потпише за уште една година, а неговата плата ќе биде сериозно врзана за натпреварите што ги одигра и резултатите на тимот.
Донарума е врзан за „росонерите“ до следното лето. Доколку не потпише нов договор, клубот ќе размисли да не го продава сега, за да не го изгуби како слободен агент во 2021 година. Се очекува тој да го продолжи договорот за една година.