Ибрахимовиќ донесе победа за ПСЖ

Од:

Златан Ибрахимовиќ е најзаслужен за победата од 2:1 на ПСЖ во натпреварот од 28.коло против Нанси постигната синоќа на домашен терен. Шведскиот интернационалец ги постигна двата гола и со 24 е убедливо прв на листата на стрелците во Лига 1.

Гостите поведоа со голот на Бенџамин Мукандјо во 36.минута, а популарниот „Ибра“ пресвртот го направи со двата гола во 59.минута и 62.минута.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Ајачио – Лориен 1:0, Брест – Тулуз 0:1, Евиан – Сошо 5:1, Троа – Ремс 4:2, Валенсиен -Лил 1:3 и Рен – Сент Етиен 2:2.

Денеска покрај дербито Олимпик Лион – Олимпик Марсеј играат уште Бордо – Бастија и Ница – Монпеље.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска