На едно коло пред крајот на фудбалското првенство во Германија остануваат отворени прашањата која ќе биде екипата што ќе игра квалификации во Лигата на шампионите, кои тимови ќе играат во Лига европа и кои екипи ќе му се придружат на Гројтер Фурт кој ја напушта лигата.
Попладнево се одиграа средбите од 33. коло карактеристично по „киксот“ на Шалке на домашен терен против Штутгарт, како и поразите на екипите кои се борат за опстанок. Главна ѕвезда во тимот на Штутгарт беше Босанецот Ведад Ибишевиќ, кој постигна два гола, а на првиот меч сезонава им постигна три гола.
Постигнати резултати во 33. коло од Бундес лигата: Баерн Минхен – Аугсбург 3:0, Шалке – Штутгарт 1:2, Баер Леверкузен – Хановер 3:1, Волфсбург – Борусија Дортмунд 3:3, Вердер – Ајнтрахт 1:1, Хофенхајм – Хамбургер 1:4, Мајнц – Борусија Менхенгладбах 2:4, Гројтер Фурт – Фрајбург 1:2 и Фортуна – Нирнберг 1:2.
Табела: Баерн Минхен 88 бодови, Борусија Дортмунд 66, Баер Леверкузен 62, Шалке 52, Фрајбург 51, Ајнтрахт 50, Хамбургер 48, Борусија Менхенгладбах 47,…….Вердер 33, Фортуна 30, Аугсбург 30, Хофенхајм 28 и Гројтер Фурт 21.