Хуманитарна велосипедска тура за СОС Детско село

Од:

Македонецот Љупчо Крстев и Даниел Миленов од Бугарија денеска тргнувајќи од Градски парк во Скопје со велосипед ќе извозат 2.200 километри низ седум балкански земји во рамки на Втората Хуманитарна велосипедска тура за децата од СОС Детско село. 

Турата ќе трае до 22 јуни со крајна дестинација во Имст, Австрија, каде пред повеќе од 60 години е изградено првото СОС Детско село.

– Со велосипед ќе поминеме низ повеќе држави, каде ќе ги посетиме детските села. Едни од тие се Бугарија, Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Австрија, изјави Крстев.

Љупчо и Даниел израснале во СОС Детското село, каде и илјадници деца низ целиот свет растат во топол дом и грижа.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски во оваа пригода рече дека ја има честа на територијата на неговата општина да го има СОС Детското село.

– Тоа е еден проект каде што во континуитет општината дава поддршка и е навистина убав пример за тоа како да дадеме поддршка на сите оние дечиња без родители, да почувствуваат што значи родителска грижа и вистинско семејство, истакна Трајковски.

Оваа велосипедска тура е поддржана од Агенцијата за млади и спорт, Велосипедската федерација на Македонија, Град Скопје, општина Гази Баба и низа донатори и поддржувачи на работата на СОС Детско село Македонија.

Би можело да ве интересира

Пожар во дворот во СОС Детско село

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски

Руски велосипедист ќе настапува под француско знаме: Одамна сакав да го сторам ова

А1он