Општина Битола во соработка со Фудбалската федерација на Македонија организира хуманитарен натпревар и концерт за Игор Наумовски – 26 годшно момче од Битола, кој има потреба од медицински третман во странство.
Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека со секоја купена влезница секој хуман граѓанин, љубител на спортот и музиката активно ќе придонесе во заздравувањето на Наумовски.
– Бидете хумани и бидете дел од оние кои подаваат рака на еден млад живот. На хуманитарниот натпревар и концерт ќе учествуваат Илија Најдовски, Бошко Ѓуровски, Саша Ќириќ, Томче Трајановски, Жанко Савов, Свето Станковски, претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, а како гостин играч доаѓа и легендата на македонската кошарка Пеце Наумовски. Во музичкиот дел ќе настапат Даниел Кајмакоски, Влатко Лозановски, Ламбе Алабаковски и многу други, посочи Цветанка Ристевска, советник за односи со јавност во општина Битола.
Хуманитарниот фудбалски натпревар и музичкиот концерт ќе се одржат утре во спортската сала „Младост“ од 17 часот, влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари.