Хуанфран неизвесен за натпреварот со Арсенал

Од:

Дефанзивецот Хуанфран може да го пропушти полуфиналниот дуел на Атлетико Мадрид во Лигата на Европа против Арсенал, поради повреда на тетивата.

Тој во неделата го напушти теренот во 65. минута на домашниот натпревар на Атлетико против Бетис и беше заменет со Шим Вршаљко кој најверојатно ќе го заземе неговото место против „топчиите“.

– Медицинските прегледи потврдиле дека Хуанфран има повреда на тетивата од левата нога, објави Атлетико.

И тренер Диего Симеоне е песимист околу настапот на одбранбениот фудбалер.

– Мислам дека има многу мали шанси да игра во првиот натпревар, но тој може да се врати за реваншот.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска