Грција и Хрватска синоќа во Атина одиграа 0-0 со што Хрватска го „резервираше билетот“ за Светското првенство кое што ќе се игра во Русија следната година, бидејќи во првиот натпревар славеше 4-1.
Вчера преку плеј-офот пласман за Русија избори и Швајцарија, поминувајќи ја Република Ирска, а денеска се игра натрепварот помеѓу Италија и Шведска, во кој што гостите од Скандинавија патуваат со предност од 1-0 од домашен терен.