Фудбалерите на Хофенхајм и во следната сезона ќе бидат дел од Бундес лигата откако и во ревншот од баражот со 2:1 славеа над Кајзерслаутерн.
Головите за победничкиот тим ги постигнаа Давид Абрахам во 44. минута и Јаник Вестергард во 74.минута, додека за домаќините стрелец беше Александер Бумјохан во 65. минута.
Хофенхајм победи и на првиот натпревар со 3:1 (вкупно 5:2). Поразената екипа Кајзерслаутерн и следната сезона ќе игра во Втората Бундес лига.