Хјустон по продолжение го совлада Кливленд

Од:

Екипата на Хјустон постигна победа по продолжение во дуелот со Кливленд од 105:103. Ова е пред се по заслуга на промашените слободни фрлања на првиот играч на поразената екипа Леброн Џејмс. При резултат 104:103 за Хјустон Џејмс на 4.2 секунди до крајот на продолжението промаши две слободни фрлања, а во текот на дуелот имаше катастрофална реализација на слободните 3 погодени од 11 обиди.

Кај Хјустон Џејмс Харден постигна 33 поени или 26.ти пат сезонава има реализирано 30 и повеќе поени.

Хјустон сега се наоѓа на третата позиција на „Запад“, а игра без Двајт Хауард кој е повреден. Џејмс од Кливленд со 37 поени беше најефикасен.

Резултати на ноќешните дуели: Хјустон – Кливленд 105:103 (продолжение), Чикаго – ЛА Клиперс 86:96, Сакраменто – Портланд 99:110, Бостон – Голден Стејт 101:106, Индијана – Филаделфија 94:74, Орландо – Шарлот 83:98, ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 101:108 и Денвер – Њу Орлеанс 92:99.

Пласман Источна конференција: Атланта 47-12 (победи-порази), Торонто 37-22, Чикаго 37-23, Кливленд 37-24, Вашингтон 34-26, Милвоки 32-27, Мајами 25-33, Индијана 25-34,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-11, Мемфис 42-16, Хјустон 41-18, Портланд 39-19, ЛА Клиперс 39-21, Далас 39-22, Сан Антонио 36-23, Оклахома Сити 33-27,…

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски