Хјустон намали на 3-1 во финалето на „Запад“

Од:

Екипата на Хјустон успеа да ја забележи првата победа во финалето на „Запад“ откако ноќеска го совлада Голден Стејт со 128:115.

Ефикасна прва четвртина одигра домашната екипа која реализираше 45 поени (45:22).

Џејмс Харден натпреварот го заврши со 45 поени (7 тројки), а помош имаше од Двајт Хауард, кој имаше 14 поени и 12 скока. Во редовите на Голден Стејт најпрецизен беше Клеј Томпсон со 24 поени, додека Стеф Кари реализираше 23 поени, но поради лош пад во првиот дел беше надвор од игра неколку минути.

Натпреварот број 5 се игра во среда навечер на теренот на Голден Стејт.

Вечерва Кливленд и Атланта го играат натпреварот број 4 од финалето на Источната конференција. Кливленд води со 3-0 во добиени натпревари.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски