Хиршер нов светски првак во слалом

Од:

Австриецот Марсел Хиршер го освои златниот медал во слалом на Светското првенство во алпски дисциплини во Шладминг. Тој на денешната трка, последна од СП, имаше најдобро време – 1:51.03.

Сребрениот медал го освои Германецот Феликс Нојројтер, кој имаше заостанување од 42 стотинки.

Бронзата му припадна на Марио Мат од Австрија.

Оваа „тројка“ беше на водечките позиции и по првата трка.

Најуспешни на овој шампионат се Американците кои освоија 4 златни медали и 1 бронзен, а потоа следуваат Австрија (2-2-3), Франција (2-1-1), Словенија (1-2-0), Германија (1-1-2), Норвешка (1-0-1), Италија (0-2-1), Шведска (0-1-1), Хрватска (0-1-0) и Швајцарија (0-1-0).

Вкупно 10 држави освоија медали на Светското првенство, а настапија 614 натпреварувачи од 72 држави.

За Македонија на трките од Светското првенство настапи Антонио Ристевски, кој беше 49.место во велеслалом, додека денеска во слаломот не ја заврши втортата трка, откако по првата беше на 49.место.

Вејл и Бивер Крик во САД ќе бидат домаќини на следното Светското првенство кое ќе се одржи 2015 година.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски