Хет трик на Јоветиќ, Лацио се искачи на второто место во Серија А

Од:

Петта победа во последните седум натпревари остварија фудбалерите на Лацио, откако попладнево победија на гостувањето во Џенова кај Сампдорија.

Покрај петте победи во последниве седум рунди „лацијалите“ имаат и две нерешени средби, учинок што резултираше со нивно пробивање на втората позиција на табелата во Серија А, веднаш позади лидерот Јувентус.

По подолго време полн „плен“ освои и тимот на Наполи за кој настапува македонскиот капитен Горан Пандев.

„Наполитанците“ последен пат победија на 2 декември во рамките на 15.коло, па денешниот триумф на гостински терен против Сиена ги остави во игра за висок пласман. Пандев ги одигра последните 25 минути, го изведе корнерот при првиот гол, а над него беше направен пенал при постигнување на вториот гол на Наполи.

За одбележување е и хет трикот на Стефан Јоветич, со кој Фирентина славеше на гостувањето кај Палермо.

Постигнати резултати на попладневните средби од 18.коло во Италијанското фудбалско првенство: Интер – Џенова 1:1, Аталанта – Удинезе 1:1, Болоња – Парма 1:2, Палермо – Фиорентина 0:3, Сампдорија – Лацио 0:1, Сиена – Наполи 0:2 и Торино – Киево 2:0.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска