Хет-трик на Јаховиќ во победата на Риека во Лига Европа

Од:

Македонскиот интернационалец во дресот на хрватскиот тим Риека, Адис Јаховиќ постигна хет-трик во победата на својата екипа над Викингур со 4:0. Ова беше реванш дуел од 3.коло од квалификациите од Лига Европа, во кое Риека избори пласман во следната рунда со вкупни 9:1.

Во баражот пласман обезбеди и Крсте Велковски со Сараево (БиХ) откако на гости славеа над екипата на Атромитос од Грција со 3:1 по продолжение откако во регуларниот дел беше 2:1 за Сараево исто како што беше пред седум дена кога победи екипата од Грција. Велковски го одигра целиот натпревар.

Добар настап и две асистенции имаше Александар Трајковски (играше цел натпревар) за Варегем (Белгија), но неговата екипа одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Солигорск во Белорусија. Сепак тоа беше недоволно за успех бидејќи на првиот натпревар дома Варегем загуби со 5:2.

Николче Новески со Мајнц загубија на гостувањето во Грција кај Астерас со 3:1 и со вкупни 3:2 се елиминирани откако не ја зачуваа предноста од првиот натпревар (1:0). Новески го одигра целиот натпревар и доби жолт картон.

Пораз на домашен терен од 2:0 доживеа кипарски Ермис за кого брани Мартин Богатинов и со вкупни 3:0 се елиминирани од Јанг Бојс од Швајцарија.

Ферхан Хасани не беше во составот на дански Брондби, кој и дома загуби од белгискиот Бриж со 2:0 или вкупно 5:0.

Македонски тим Металург синоќа и во реваншот загуби од Омонија со 1:0.
Извлекувањето на двојките за бараж дуелите во Лигата на шампионите и Лига Европа ќе биде извршено денеска во Нион.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска