Со три постигнати голови Златан Ибрахимовиќ беше најзаслужниот за победата на Пари Сен Жермен против Сент Етиен од 4:1 по која обезбеди финале во Купот на Франција.
Покрај Ибрахимович синоќа за ПСЖ погоди и Езекиел Лавеци, додека голот за Сент Етиен го постигна Ромен Хамума.
Во финалето противник на ПСЖ ќе биде второлигашот Оксер.
Натпреварот кој ќе одлучи која екипа ќе го освои трофејот ќе се одигра на 30 мај на „Стад де Франс“ во Париз.