Хет-трик на Гоми за прво место на Олимпик Лион

Од:

Екипата на Олимпик Лион постигна победа од 4:1 против Олимпик Марсеј во одложениот натпревар од 10.коло во француската фудбалска Лига 1 и благодарение на трите голови на Бафетимби Гоми стигна до триумф.

Поради лошите временски услови овој натпревар не се одигра во закажаниот термин, а синоќа победија гостите и го презедоа првото место во француската лига.

Трикратниот стрелец Гоми головите ги постигна во 3.та, 34.та и 72.та минута, додека четвртиот гол за Олимпик Лион го постигна Стид Малбранк во 48.минута.

Домаќините единствениот гол го додоа во 77.минута, а стрелец беше Лоик Реми.

Со трите бодови и со вкупно 28 Олимпик Лион изби на првото место пред ПСЖ и Олимпик Марсеј, кои имаат по 26. Во горниот дел на табелата се наоѓаат и Сент Етиен 25 бодови, Бордо 24, Валенсиен 22, Тулуз 22 и Рен 22.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска