Во воведниот натпревар од 7.коло на Бундес лигата одигран синоќа во Берлин, екипата на Херта со 3:2 го совлада Штутгарт.
Денеска и утре ќе се играат останатите осум натпревари. За денеска закажани се дуелите: Баер Леверкузен – Падерборн, Вердер – Фрајбург, Хофенхајм – Шалке, Борусија Дортмунд – Хамбургер, Баерн Минхен – Хановер и Ајнтрахт – Келн.
Колото ќе биде комплетирано во недела со средбите, Волфсбург – Аугсбург и Борусија Менхенгладбах – Мајнц.
Табела: Баерн Минхен 14 бодови, Борусија Менхенгладбах 12, Баер Леверкузен 11, Мајнц 10, Хофенхајм 10, Хановер 10…