Херта се спаси од пораз на гостувањето кај Фрајбург, откако Бразилецот Рони во шестата минута од судиското надополнување успеа да го изедначи резултатот на 2:2.
Претходно Рони погоди и во 36.минута, а стрелци на головите за домашниот тим беа Марк-Оливер Кемп (30) и Феликс Клаус (79).
Шест натпревари од 4.коло во Бундес лигата се играат денеска. Двојките се: Шалке – Ајнтрахт Франкфурт, Аугсбург – Вердер Бремен, Штутгарт – Хофенхајм, Хамбургер – Баерн Минхен, Падерборн – Хановер и Мајнц – Борусија Дортмунд.
Утре колото ќе го комплетираат Волфсбург – Баер Леверкузен и Келн – Борусија Менхенгладбах.
Табела: Баер Леверкузен 7 бодови, Баерн Минхен 7, Хановер 7, Борусија Дортмунд 6,…