Францускиот клуб Сент Етијен постигна договор со руската екипа Зенит Сант Петербург за позајмица на Бразилецот, Хернан.
23-годишниот Хернан кој во Зенит дојде во декември 2016 година од бразилскиот тим Атлетико Параненсе за сума од 8 милиони евра, имаше лоша сезона во рускиот тим за кој одигра само 11 натпревари во сите конкуренции и не успеа да постигне ниту еден гол.
Според договорот Хернан во Сент Етијен ќе остане една сезона, по кој двата тима ќе може да се договараат за комплетен трансфер на Бразилецот во францускиот клуб.
Екипата на Сент Етијен ја очекува тешка сезона, а на стартот на првенството во Лига 1, Сент Етијен загуби во 1.коло со 1:0 од Ница која лани заврши на третото место.