Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкенс е задоволен од изданието на своите играчи денес, и вели дека е воодушевен од храброста која денес ја прикажале неговите избраници.
Марио Гомез со својот единствен погодок му го донесе триумфот на Баерн, на денешното гостување кај Хофенхајм.
„Денешниот натпревар беше многу тежок. Противникот е во незавидна ситуација, и тие беа навистина агресивни. И покрај тоа што не бевме комплетни, се гледа работата изминатиов период, бидејќи ние имаме голем број на квалитетни и подготвени фудбалери, кои во секој момент се спремни на искушенија. Многу сум среќен. Се исплати се она што го работевме изминатиов период“ – рекол Хејнкенс.
„Не беше којзнае каков натпревар. Немаше многу убавини, но ние неможеме на секој меч да даваме по 3-4 гола. Едноставно сум презадоволен. Победа си е победа, каква и да е“- завршил одличниот стратег на Баерн Минхен.