Тимот на Хановер втор натпревар по ред победува на гостински терен. Синоќа во Берлин во првиот дуел од 10.коло од Бундес лигата ја совлада Херта со 2:0, а стрелци на головите беа Џими Бранд 44.минута и Хироши Киотаке 76.минута.
Денеска се играат натпреварите: Аугсбург – Падерборн, Ајнтрахт – Баерн, Фрајбург – Шалке, Хофенхајм – Келн, Баер Леверкузен – Мајнц и Вердер – Штутгарт.
Колото ќе биде комплетирано со утрешните два натпревара Волфсбург – Хамбургер и Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах.