Хамилтон славеше во неговата 200. трка за големата награда на Белгија

Од:

Британскиот возач од тимот на Мерцедес е победник на трката за големата награда на Белгија, откако денеска успеа да ја задржи првата позиција од самиот почеток до крајот и покрај притисокот од Себастијан Фетел во последните десетина кругови.

Хамилтон вчера ја забележа неговата 68. пол позиција, изедначувајќи го рекордот на Михаел Шумахер. Денес од самиот старт ја водеше трката и работите одеа во негова полза, се до излегувањето на безбедносното возило кога Фетел ја промени стратегијата и со ултра меките пневматици го нападна британецот, но тој успешно се одбрани.

На третата позиција заврши Даниел Рикардо од Ред Бул откако по заминувањето на безбедносното возило успеа да ги претекне Валтери Ботас од Мерцедес и Кими Раиконен од Ферари.

Во генералниот пласман лидер остана Фетел со 22- бодови, пред Хамилтон со 213, додека Ботас е трет со 179.

Кај конструкторите води Мерцедес со 392 бода, пред Ферари со 348.

Следната трка се вози на патеката Монца за ГН на Италија на 3.септември.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин