Хамилтон победи во Остин и направи голем исчекор кон титулата

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон синоќа победи на трката за големата награда на САД возена на патеката во Остин.

За Британецот ова беше деветта победа годинава и вкупно 62. во неговата кариера.

На Хамилтон, кој ја зголеми предноста пред Фетел на 66 бода, му се потребни само уште девет бода до крајот да стигне до четвртата шампионска титула.

Покрај Британецот на победничкиот подиум во Тексас беа возачите на Ферари, Себастијан Фетал и Кими Раиконен.

Како трет трката ја заврши Макс Ферстапен, но тој доби казна од пет секунди поради напуштање на патеката, па третото место му припадна на Раиокнен.

До крајот на шампионатот во Формула 1 остануваат уште три трки, а следната е по седум дена во Мексико.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин