Хамилтон останува во Мерцедес до 2020 година

Од:

Шампионите во Формула 1 официјално објавија дека Луис Хамилтон го потпишал својот нов договор. Договорот е за две години, а Британецот ќе добие годишна плата од 30 до 40 милиони фунти во зависност од неговите резултати. Со надоместокот внесен во новиот договор, Хамилтон станува најплатениот спортист во Велика Британија.

Хамилтон изјави дека договорот бил само формалност. Пилотот беше убеден дека сака да ја продолжи својата кариера со шампионите по разговорот со шефот на тимот Тото Волф минатата зима.

Откако се приклучи на Мерцедес во 2013 година, Луис освои три титули и забележа 44 победи. До крајот на 2020 година Луис ќе има осум години зад себе во болидот на „сребрените стрели“. Статистиката вели дека 65-те негови победи го прават вториот најуспешен возач на Ф1 по Михаел Шумахер и најуспешен во 112-годишната натпреварувачка историја на Мерцедес.

Се очекува дека актуелниот тимски колега на Хамилтон, Валтери Ботас, исто така, ќе остане во тимот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин