Хамилтон: Имаме многу проблеми за решавање

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон призна дека во неговиот тим не е се како што треба и покрај лидерската позиција во Генералниот пласман од Шампионатот во Формула 1.

Британецот побара проблемите што поскоро да се надминат за да не влијаат на конечниот резултат.

– Вистината е дека имаме многу проблеми за решавање во Мерцедес. Треба да се справиме со нив, ако сакаме повторно да бидеме шампиони. Видовте на последните трки како Ферари и Ред Бул го кренаа нивото и веќе силите се израмнети, нагласи Хамилтон.

Тој се осврна и на вчерашната трка која ја заврши на втората позициј.

– Доколку возачите на Ферари немаа пехови пред почетокот на трката, сигурно дека ќе ми беше многу тешко да дојдам до подиумот.

Хамилтон со 281 бод води во Генералниот пласман пред Себастијан Фетел кој досега собра 247 бода и Ботас со 222 бода.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин