Хамилтон го изедначи рекордот на Шумахер по бројот на пол позиции

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата за трката за Големата награда на Белгија која што ќе се вози утре. Со него од првиот ред ќе стартува возачот на Ферари, Себастијан Фетел.

Со оваа пол позиција Хамилтон го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од 68 пол позиции. Тој квалификацискиот круг го извози за 1.42.553 што истовремено и е нов рекорд на патеката.

Фетел беше за 0.242 секунди побавен, а од третата и четвртата позиција ќе стартувааат нивните тимски колеги Валтери Ботас и Кими Раиконен.

1. Луис Хамилтон (Мерцедес) 1.42.554
2. Себастијан Фетел (Ферари) 1.42.795
3. Валтери Ботас (Мерцедес) 1.43.094
4. Кими Раиконен (Ферари) 1.43.270
5. Макс Ферштапен (Ред Бул) 1.43.380
6. Даниел Рикардо (Ред Бул 1.43.863
7. Нико Хулкенберг (Рено) 1.44.982
8. Сеџио Перез (Форс Индија) 1.45.244
9. Естебан Окон (Форс Индија) 1.45.369
10. Џолјон Палмер (Рено) *без време

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин