Хамилтон: Алонсо е еден од најдобрите, штета е што заминува на ваков начин

Од:

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, наведе дека Фернандо Алонсо е еден од најдобрите возачи и смета дека е штета што заминува на ваков начин.

Алонсо е двократен светски шампион, а неодамна неочекувано најави дека се повлекува од Формула 1.

– Штета што не е испратен како што му доликува. Но, за жал во спортот некогаш не зависи се од тоа каков возач сте, туку и како се снаоѓате во дадена ситуација и како се поставувате, истакна Хамилотон.

Хамилтон и Алонсо се натпреваруваа заедно во тимот на Мекларен во 2007 година, кога сезоната ја завршија на втората позиција со ист број на бодови.

– Без сомнеж тоа е еден од најдобрите возачи со кои сум се натпреварувал и му посакувам се најдобро, наведе Хамилтон.

Сезоната во Формула 1 продолжува овој викенд со трката за Големата награда на Белгија.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин