Без победник заврши првиот бараж дуел во Бундеслигата за поплнување на последното место за следната сезона. Бундеслигашот Хамбургер не ја искористи предноста на домашен терен и одигра 1:1 со членот на Бундеслига 2 Карлсруе.
Гостите поведоа во 4.минута со голот на Рован Хенинг (член на младинскта школа на Хамбургер), а во 72.минута изедначи Иво Иличевиќ.
Реванш натпреварот се игра на 1.јуни во понеделник на теренот на Карлсруе.