Хамбургер обезбеди опстанок преку баражот

Од:

Фудбалерите на Хамбургер синоќа изборија опстанок во Бундеслигата откако во баражот го победија Карлсруе по продолжение со 2:1 и така останаа единствен тим во најсилното германско фудбалско првенство, кој од нејзиното создавање во 1963 година постојано е член.

Инаку, Карлсруе исто како и на првиот дуел дојде во водство. Во 78.минута мрежата на гостите ја затресе Рејнолд Јабо. Изедначувањето стигна во првата минута од судиското надополнување на вториот дел, а голот го постигна Марсело Диас.

И реваншот заврши 1:1 исто како и првиот дуел во четвртокот, а следуваа продолженија. Победничкиот гол во 115.минута го постигна Николај Милер.

До крајот на дуелот Карлсруе не успеа да изедначи, иако имаше и пенал во 120.та минута, а Роувен Хенингс не успеа да го совлада Рене Адлер.

Хамбургер и следната сезона ќе игра во Бундеслигата, а во клупската историја има шест титули првак на Германија и една титула европски шампион (1983 година).

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска