Халилхоџиќ: Го имав најтешкиот натпревар во кариерата

Од:

Тренерот на Нант, Вахид Халилхоџиќ рече дека неговиот тим имаше тежок натпревар во Француското првенство вчеравечер со Сент-Етјен (1: 1). Според него, беше тешко да се игра по исчезнувањето на напаѓачот Емилијано Сала, чиј авион се изгуби од радарот над Ла Манш на 21 јануари.

– Тоа беше невообичаен натпревар, најтешкиот во мојата тренерска кариера. Беше ужасно. Но, јас сум горд на тимот кој, во таква ситуација, направи се што можеше. Поддршката на навивачите беше исто така исклучителна. По нејасен почеток, успеавме да ја преземеме контролата на ситуацијата, да создадеме шанси. Сала засекогаш ќе остане во нашите срца. Ние никогаш нема да го заборавиме овој човек. Ова беше извонреден човек. Но, животот продолжува. Мораме да работиме. Се надевам дека момците ќе можат да го оттргнат вниманието, да играат и да тренираат, изјави предводникот на Нант.

Сала во зимскиот трансфер прозорец, потпиша за Кардиф и пред кобниот лет, дојде во Нант да се поздрави со своите поранешни клупски колеги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска