Халанд ги почести навивачите од поранешниот клуб со 15 илјади евра

Од:

Освен што е одличен напаѓач, Ерлинг Халанд е и добро момче. Тоа го докажа со дарежливиот гест кон навивачите на неговиот поранешен клуб Брин.

Како што објави норвешката ТВ2, центарфорот на Манчестер Сити ќе плати 200 билети за навивачите на Брин кои сакаат да патуваат на натпреварот од плеј-офот во Кристијансанд. Влогот е пласман во Елитсеријата, првата класа на норвешкиот фудбал.

Тоа задоволство на Халанд ќе го чини околу 15.000 евра.

– Не можеме ништо да кажеме освен дека е фантастично што имаме можност да испратиме што повеќе фанови во Кристијансанд. Времињата се финансиски тешки за луѓето, поради што на многумина им е тешко да се одлучат за вакво патување – коментира шефот на маркетинг на Брајн.

Халанд играше за младинскиот и сениорскиот тим на Брин, кој стигна до плеј-офот за прв пат од 2006 година. Последната сезона во клубот Елитсериен ја одигра во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Можна е преселба на Халанд во Барселона

Невидена машина за голови-Халанд на 22 години има веќе 227 гола

Касано: Халанд ќе постигне 90 голови, но тој не е најдобриот напаѓач на Сити

Повредениот Халанд ќе паузира до Божиќ

А1он

Тухел потврди за интересот на Челзи за Халанд

Ана Ололовска