Тухел потврди за интересот на Челзи за Халанд

Од:

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, го потврди интересот на лондонскиот клуб за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

– Разговаравме за Ерлинг неколку пати, вклучително и за време на минатиот летен преоден рок. Точно, во тоа време неговиот трансфер за нас изгледаше нереално. Редовно зборуваме за него бидејќи е фантастичен фудбалер и дефинитивно важна фигура во Борусија, која е сериозен конкурент во Лигата на шампионите. Дали можам да ги замислам Лукаку и Халанд заедно на теренот? Зошто не, можеме да разговараме за тоа! Мислам дека не разговаравме сериозно за ова, но да видиме што може да се случи во наредните недели, изјави Тухел за „Билд“.

Во тековната сезона Халанд одигра 10 натпревари за Борусија, постигна 13 гола и четири асистенции.

„Transfermarkt.com“ го проценува 21-годишниот Норвежанец на 150 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Рангник чека работна дозвола да дебитира на клупата на Јунајтед

А1он

Саутгејт го продолжи договорот со Англија до 2024 година

Ана Ололовска

Покетино подготвен да дојде на тренерското место во Манчестер јунајтед следното лето

Ана Ололовска

Манчестер Јунајтед го потврди отказот: Солскјер секогаш ќе биде наша легенда

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Премиер-лигата не памети вакво нешто, ќе се истепаа Клоп и Артета

Катерина Павлова-Николовска

Погба по вторпат заминува од „Олд Трафорд“

Ана Ололовска